• сабота, 16 ноември 2024

Самоопределување: Трамп ги рехабилитира српските воени злосторници

Самоопределување: Трамп ги рехабилитира српските воени злосторници

Приштина, 21 септември 2020 (МИА) Косовската опозициска партија Движење самоопределување (ВВ) смета дека американскиот претседател Доналд Трамп, со неговата изјава дека постигнал мир меѓу Косово и Србија, кои „со години се убиваат меѓу себе“, ги рехабилитира оние кои извршија воени злосторства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на партијата на доскорешниот премиер Албин Курти се вели дека е „погрешно да се верува оти војната во Косово е последица на вековната омраза меѓу Косово и Србија“.

- Со ваквиот рехабилитирачки пристап кон воените злосторници не се постигнува мир меѓу Косово и Србија, туку се продолжува замрзнатиот конфликт. Мирот се постигнува кога се осудуваат и разоружуваат виновниците и кога САД ја поддржуваат меѓународната правда и независноста на Косово, како што секогаш постапувале. Мирот ќе се постигне кога Србија ќе го признае независно Косово и ќе се соочи со сопственото минато. Не кога се рехабилитираат поранешните соработници на (Слободан) Милошевиќ кои извршија агресија и геноцид, се вели во реакцијата на ВВ.

Американскиот претседател Трамп вчера на предизборен собир во Северна Каролина изјави дека неговата администрација, со тоа што на 4 јули во Белата куќа придонесе за потпишувањето на косовско-српскиот договор за економска стабилизација, го запре „масовното убивање меѓу Косово и Србија“.

- Тие со години се убиваат меѓу себе. Запрете ги убивањата момчиња, им реков, дајте да се обединиме, изјави Трамп. иа/

Остани поврзан