Самит „Македонија 2025“ (во живо)
- Забрзување на економскиот раст, дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал на земјава со паметни инвестиции, примена на вештачката интелигенција, враќање на инвестициите и улогата на дијаспората во националниот раст, ќе бидат во фокусот на Самитoт „Македонија 2025“, што се одржува од денеска во Скопје.
Скопје, 12 мај 2025 (МИА) - Забрзување на економскиот раст, дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината, усогласување на економскиот потенцијал на земјава со паметни инвестиции, примена на вештачката интелигенција, враќање на инвестициите и улогата на дијаспората во националниот раст, ќе бидат во фокусот на Самитoт „Македонија 2025“, што се одржува од денеска во Скопје.
„Надвор од политиката: Економската визија и лидерското патување на премиерот Христијан Мицкоски“ е насловен првиот панел на кој ќе говори македонскиот премиер.