• четврток, 21 ноември 2024

Самитот на Франкофонијата во Тунис ќе се фокусира на економијата во контекст на кризи

Самитот на Франкофонијата во Тунис ќе се фокусира на економијата во контекст на кризи
Париз, 19 ноември 2022 (МИА) - Самитот на Франкофонијата кој се одржува во Тунис, фокусиран на економската соработка во присуство на триесет лидери, што е „успех“ за претседателот Каис Саид, јави дописникот на МИА. Иако дводневниот самит официјално ќе се фокусира на „дигиталната технологија како вектор на развојот“, тој исто така ќе биде можност за западните и африканските лидери да разговараат за жешките теми како што е руската инвазија на Украина. Многу африкански земји изразуваат жалење за она што го гледаат како недостаток на меѓународна солидарност со континентот соочени со сопствените кризи, истакнувајќи дека Европа брзо се мобилизираше од друга страна за да и помогне на Украина. Овој 18-ти самит на Меѓународната организација на франкофонијата (ОИФ) на островот Џерба, исто така, ќе биде можност да се прослават со задоцнување педесет години на организацијата основана во 1970 година и со 88 членови од кои во сите не се зборува францускиот јазик. Ерменија, Египет, Молдавија, Македонија, Обединетите Арапски Емирати или Србија. Самитот се совпаѓа со последната фаза на КOП27 за климата во Египет и следи по состанокот на Г-20 во Индонезија, на кој доминираше војната во Украина, земја набљудувач во рамките на ОИФ. Присутни се вкупно 89 делегации, седум меѓународни организации и повеќе од триесет лидери меѓу кои Французинот Емануел Макрон, Канаѓанецот Џастин Трудо, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел или Сенегалецот Меки Сал. Реизборот на генералниот секретар на ОИФ, Руандката Луиз Мушикивабо, единствениот кандидат во трката, е исто така на програмата на дводневните состаноци меѓу претставници на област од 321 милион француски говорници кои би требало да се зголемат за двојно, на 750 милиони во 2050 година, благодарение на африканската демографија. Пред самитот, Луиз Мушикивабо изјави дека сака да побара од земјите-членки „да ги удвојат своите напори“ во услови на пад на францускиот јазик во меѓународните организации. И покрај критичките гласови кои ја осудуваат „нечујната“ Франкофонија, Луиз Мушикивабо смета дека нејзината организација е „порелевантна од кога било“ и способна да „донесе малку додадена вредност“ на „поголемиот дел од светските проблеми“, цитирајќи го КОП27. Според официјален претставник од Канада, тешка категорија во Франкофонијата, организацијата „може да биде позитивна сила“ за прашања како што се „мирот, економскиот просперитет и консолидацијата на демократијата“. Овој функционер посочи дека Канада, исто така, сака да ја повтори, за време на самитот, „загриженоста“ за „демократско учество“ во Тунис откако претседателот Саид ги презеде целосните овластувања во јули 2021 година и кој поминува низ сериозна социо-економска криза. Тунис е домаќин на овој состанок кој обично се одржува на секои две години, по две одложувања – во 2020 година поради Ковид-19, потоа во есента 2021 година по државниот удар на Саид, обвинет дека ставил крај експеримент единствена демократија во арапскиот свет. Одржувањето на самитот во Тунис е „успех“ за неговиот претседател затоа што „ќе го извади од изолација барем привремено“, смета францускиот политиколог Винсент Гајсер. Но, самитот нема да ја засени кризата низ која минува Тунис, бидејќи обидот на демонстрантите да одат во Џерба во петокот не потсети на исчезнувањето, пред два месеци во бродоломот, на 18 мигранти. Тунижаните, кои заминаа од соседниот град. Како и многу членки на ОИФ, канадската провинција Квебек има намера да ги искористи предностите на самитот за „да го зголеми (неговото) присуство во Африка која зборува француски, каде што се зголемуваат деловните можности. „Лидер во однос на економската франкофонија“, Квебек ќе инсистира преку својот премиер Франсоа Лего „на важноста на францускиот, третиот деловен јазик во светот“, се вели во официјалното соопштение за печатот. За сенегалскиот министер за франкофонија, Пенда Мбоу, „ние ќе им судиме на земјите што зборуваат француски според нивната способност да го намалат дигиталниот јаз во нивното општество“. Пенда Мбоу предвидува и зголемена улога на Франкофонијата во управувањето со меѓународните кризи. Но, за Алиун Тине, фигура на сенегалското граѓанско општество, ОИФ се покажа „целосно немоќна пред лажни избори, трети мандати (на африканските лидери,) и воени удари“ во Мали, Гвинеја или Буркина Фасо.тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан