• вторник, 12 ноември 2024

Самитот Брдо-Бриони започна со свечена вечера во Котор

Самитот Брдо-Бриони започна со свечена вечера во Котор

Котор, 7 октомври 2024 (МИА) - Самитот на лидерите на Процесот Брдо-Бриони, регионална иницијатива за подобрување на добрососедските односи на Западен Балкан, почна вечерва со свечена вечера организирана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Во здравицата на вечерата за лидерите од регионот, Милатовиќ рече дека Самитот е можност за подобрување на добрососедските односи и регионалната соработка и за зајакнување на стратешкиот дијалог меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан, објави неговиот кабинет. .
На вечерата беа претседателите на иницијаторите на Процесот Брдо-Бриони - Словенија и Хрватска, претседателите на земјите од Западен Балкан, освен претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој утре ќе допатува во Црна Гора.

Работниот дел на самитот е пленарна седница што ќе се одржи во Тиват, на која шефовите на државите од регионот и на Словенија и Хрватска ќе разговараат за прашањата за подобрување на соработката на земјите од Западен Балкан со членките на Европската Унија.

По пленарната седница предвидена е прес-конференција на која ќе говорат претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.

Процесот Брдо-Бриони е заедничка словенечко-хрватска иницијатива започната во 2010 година, формирана за да ја зајакне меѓусебната доверба и да им помогне на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон Европската унија. Членови на иницијативата се Црна Гора, Србија, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, како и Косово. зш/

Остани поврзан