• среда, 04 февруари 2026

Сали – Прескер: Словенија продолжува со силна поддршка за евроинтеграцијата на Северна Македонија

Сали – Прескер: Словенија продолжува со силна поддршка за евроинтеграцијата на Северна Македонија

Скопје, 30 јануари 2026 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, денеска оствари средба со словенечкиот амбасадорот во земјава, Грегор Прескер, на која била реафирмирана континуираната поддршка од Република Словенија за Република Северна Македонија во процесот на европска интеграција. 

Како што соопшти Министерството за европски прашања, амбасадорот Прескер ја истакнал подготвеноста на Амбасадата и на словенечката држава за продолжување на соработката и поддршката преку конкретни проекти.

Министерот Сали ги информирал соговорниците  за динамиката на реформите и ја истакнал определбата на Владата за унапредување на евроинтегративната агенда, изразувајќи благодарност до Република Словенија за досегашната помош. дма/са/

Фото: Министерството за европски прашања

Остани поврзан