• петок, 20 декември 2024

Салвини: Политичарите кои се залагаат за испраќање трупи во Украина се опасни

Салвини: Политичарите кои се залагаат за испраќање трупи во Украина се опасни

Рим, 10 мај 2024 (МИА) – Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини остро го осуди предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за испраќање војници во Украина, истакнувајќи оти политичарите со такви идеи се опасни за општеството.

- Оние кои го имаат овој став и зборуваат за тоа како да е нешто нормално (а тоа важи и за Макрон и за Монти) се опасни, посочи Салвини.

Поранешниот италијански премиер Марио Монти во март изјави дека не треба да се исклучи можноста за испраќање на трупи во Украина

Ако сакаат да се борат, нека одат уште утре во Украина, таму ги очекуваат, посочи Салвини. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан