Салвини негира дека Лига е десничарска партија
- Лидерот на италијанската опозиција Матео Салвини негираше дека неговата партија Лига, е екстремно десничарска партија, претставувајќи ја како умерена партија што сака поддршка од гласачите ко
Рим, 13 февруари 2020 (МИА) - Лидерот на италијанската опозиција Матео Салвини негираше дека неговата партија Лига, е екстремно десничарска партија, претставувајќи ја како умерена партија што сака поддршка од гласачите кои ја избегнуваа порано. - Ние не сме радикална десница. Немаме амбиција да бидеме претставени во Италија како радикална десница, рече Салвини, кој излезе од Владата минатата година и всушност е лидер на опозицијата. Тој пред странските новинари посочи дека „секој трет Италијанец гласа за Лигата, така што е јасно дека партијата мора да разговара со сите, не само со радикалната десница“. Лигата е се уште најпопуларна италијанска партија со поддршка од околу 30 проценти од Италијанците. ми/