Салвини на судење поради одбивање да пушти мигрантски брод во италијанско пристаниште
- Судија на претходна постапка денеска одлучи да му суди на поранешниот министер за внатрешни работи Матео Салвини затоа што во 2019 година одби да пушти шпански спасувачки брод во италијанскот
Рим, 17 април 2021 (МИА) - Судија на претходна постапка денеска одлучи да му суди на поранешниот министер за внатрешни работи Матео Салвини затоа што во 2019 година одби да пушти шпански спасувачки брод во италијанското пристаниште, поради што мигранти со денови беа на море.
Како што пренесуваат странските агенции, Салвини се соочува со казна затвор од 15 години, доколку биде осуден, а конечната пресуда може да му забрани да извршува јавни функции.
Лидерот на десничарската партија Лига беше присутен на подготвителното рочиште на кое е одлучено судењето да започне на 15 септември во Палермо.
Тој на Твитер изјави дека е сигурен дека постапил правилно според италијанскиот закон, бранејќи ја безбедноста и достоинството на земјата.
- Одам на суд со крената глава, во ваше име, во мое име. Италија на прво место, секогаш. Одбраната на нашата земја е должност на граѓаните, затоа ми се суди, рече Салвини веднаш по одлуката на судот. паг/