• понеделник, 23 декември 2024

Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во италијанскиот Парламент поради врските на неговата партија со Русија

Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во италијанскиот Парламент поради врските на неговата партија со Русија

Рим, 4 април 2024 (МИА) - Италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт и инфраструктура Матео Салвини „го преживеа“ гласањето недоверба во Долниот дом на италијанскиот Парламент, пренесоа светските агенции.

Гласањето го донесе опозицијата и се однесуваше на врските на екстремно десничарската партија Лига на Салвини со Русија. Гласачите ја обвинија партијата на Салвини, која е дел од владината коалиција на премиерката Џорџа Мелони, дека фигуративно не ги пробила мостовите со Русија и владејачката партија Единствена Русија.

Вкупно 209 членови на Домот на пратеници гласаа против изгласувањето недоверба, кое го поддржаа само 129 пратеници. Три лица беа воздржани.

Педесет и едногодишниот лидер на партијата Лига на 6 март 2017 година потпиша петгодишен договор за соработка на неговата политичка сила со владејачката руска партија. Договорот автоматски беше обновен во 2022 година. Во објава на Фејсбук од 2017 година, Салвини рече дека пактот ги обврзува двете земји „да се борат против илегалната имиграција и исламистичкиот тероризам и да работат на ставање крај на западните санкции против Русија“.

-Целите на соработката, која беше чисто политичка во 2017 година меѓу Лига и Единствена Русија, немаат повеќе вредност по руската инвазија на Украина, соопштија од партијата на Салвини.

Салвини, исто така, ја осуди руската инвазија, но неодамна беше критикуван за про-Путин забелешки дадени откако рускиот претседател беше реизбран во контроверзни термини.

Непосредно пред гласањето за недоверба, партијата Лига објави соопштение со кое се оградува од договорот за соработка со руската владејачка партија.

Изгласувањето недоверба на вицепремиерот имаше симболична вредност со оглед на тоа што владејачката коалиција има мнозинство во Домот на пратениците, но и во Сенатот.

Лига, која е сојузник на екстремно десничарските сили како Националното собрание и Алтернатива за Германија, го губи моментумот и е под 10 проценти во анкетите за европските избори. мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан