• понеделник, 23 декември 2024

Салах и Марез ќе работат како стручни коментатори на Светското првенство

Салах и Марез ќе работат како стручни коментатори на Светското првенство
Лондон, 19 октомври 2022 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах и членот на Манчестер сити, Ријад Марез ќе работата како експерти за време на Светското првенство во 2022 година. Ова информација беше објавена на социјалните мрежи „StadDoha“. На Мундијалот место не обезбедија репрезентациите на Египет и на Алжир па Салах и Марез ќе имаат слободно време да се посветат на стручни анализи. Египќаните загубија во баражот од Сенегал, а репрезентацијата на Алжир беше поразена од Камерун. Светското првенство ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември 2022 година. зс/

Остани поврзан