• недела, 22 декември 2024

Сакето признаено како „нематеријално културно наследство“ во УНЕСКО

Сакето признаено како „нематеријално културно наследство“ во УНЕСКО

Асунсион, 5 декември 2024 (МИА) - Древната јапонска култура процес на подготовка на саке е признаена од УНЕСКО како „нематеријално културно наследство“, за што производителите се надеваат дека ќе поттикне интерес за традиционалното оризово вино, како на светско ниво, така и во Јапонија - земјата откаде што потекнува напитокот, а каде популарноста се намалува.

Агенцијата за образование, наука и култура на Обединетите Нации - УНЕСКО вклучува практики, уметнички дела или вештини на својата листа на нематеријално културно наследство за да го поттикне нивното зачувување за идните генерации. Иако сакето игра важна улога во јапонското општество и традиција и често се служи за време на свечености, посебни оброци итн., домашната побарувачка за оваа напивка опаѓа, додека меѓународната побарувачка расте.

Јапонските претставници на состанокот на УНЕСКО во Парагвај ја одбележаа пригодата со дегустација на саке.

Производителите на саке се надеваат дека признанието на УНЕСКО ќе го зголеми неговиот извоз и ќе го заживее интересот дома.

- Многу сме среќни... Меѓународното признание ќе го обнови интересот на Јапонците за ова поле, а тоа би можело да поттикне поголем импулс за пренесување на овие вештини и знаења на следното поколение, изјави постојаниот претставник на Јапонија во УНЕСКО, Такехиро Кано.

Пијалакот се прави неколку недели, со ферментирање на мешавина од ориз, вода, квасец и шарена мувла којашто во Јапонија се нарекува „коџи“. Производството, сепак, повеќе наликува на правење пиво отколку - на вино. Пијалокот може да се сервира топол, ладен или на собна температура.

УНЕСКО, исто така, го одобри астурискиот јаболков пијалак од Шпанија и изработката на џиновски буриња во Гватемала, меѓу другите ставки и практики прифатени од списокот.  си/

Фото: Фрипик

Остани поврзан