• четврток, 19 декември 2024

Саинц: Нема да се тркам во Мелбурн ако не се чувствувам добро

Саинц: Нема да се тркам во Мелбурн ако не се чувствувам добро

Мелбурн, 21 март 2024 (МИА) - Шпанскиот возач на Ферари, Карлос Саинц денеска изјави дека нема да учествува на претстојната трка во Формула 1 за Големата награда на Австралија доколку не се чувствува добро на тренинг во Мелбурн, пренесе „Скај Спортс“.

Пред две недели Саинц возеше на првите два тренинга пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Тој потоа имаше операција на слепото црево на 8 март, поради што ја пропушти трката во Џеда.

Шпанскиот возач беше заменет во Ферари на Големата награда на Саудиска Арабија со Британецот Оливер Берман, кој го освои седмото место на трката во Џеда. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан