• сабота, 16 ноември 2024

Саздова и Стојанов најуспешни на Државниот шампионат во традиционално карате

Саздова и Стојанов најуспешни на Државниот шампионат во традиционално карате
Скопје, 1 март 2021 (МИА) – Мила Саздова од Работнички и Спасе Стојанов од Шихан-Струмица се победници во категоријата сениори/јуниори на 53. Државен шампионат во традиционално карате во кати одржан вчера во Скопје. Во помалите возрасни категории најдобри беа: кадети: Мила Младеновска (Работнички) и Иван Пиеневски (Работнички) деца 12-13 години: Ангелина Симиџиоска (Фудош) и Филип Пасков (Шиган-Струмица) деца 10-11 години: Матеј Мангаровски (Работнички) деца 8-9 години: Томи Ристов (Шихан), Камелија Недев (Работнички) и Лука Крстевски (Работнички). На шампионатот учествуваа 76 натпреварувачи од 15 клубови. зс/

Остани поврзан