• понеделник, 23 декември 2024

Саем на социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион во Неготино

Саем на социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион во Неготино
Неготино, 4 октомври 2022 (МИА) - Неготино се подготвува за вториот Саем на социјални претпријатија во Вардарскиот плански регион, информираше денеска градоначалникот Горан Стојанов. -Неготино ќе биде домаќин на вториот регионален Саем на социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион, што го организира регионалниот Центар за поддршка на социјални претпријатија, при Центарот за развој на ВПР и проектот „Поддршка за социјалните претпријатија“. Саемот ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино, во четврток со почеток од 11 часот. Сите присутни ќе имаат можност да ги погледнат презентациите на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на дваесетина социјални претпријатија од регионот и невладините организации што  се занимаваат со некоја економска активност, соопшти Стојанов. Тој додаде дека на саемот ќе се презентираат и можностите за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија, преку обезбедување соодветна поддршка. -Проектот е поддржан од Европската унија, реализиран од Ептиса во конзорциум со Барка и Екорис, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и е од отворен карактер, така што саемот можат да го посетат сите заинтересирани граѓани, информираше градоначалникот на Неготино. свд/мч/

Остани поврзан