• понеделник, 23 декември 2024

Саем за размена на креативни искуства

Саем за размена на креативни искуства
Скопје, 21 мај 2022 (МИА) - Во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“ денеска од 13 до 19 часот ќе се одржи вториот Саем за размена на креативни искуства и размисли „Добро утро креативци“. Саемот го организира  „Скала магазин“ – прва дигитална платформа за дизајн и современа уметност која ги промовира домашните млади креативци и ги поврзува со индустријата, а со поддршка на Young Cities и Democracy Lab. Целта на саемот е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, културата и образованието. -Програмата оваа година е со проширен формат и вклучува саемски изложбен и продажен простор на 13 учесници – дизајнери на рачни изработки (книги, накит, графики, мурали, облека, модни додатоци, светлосни елементи итн.), седум музички перформанси, панел-дискусија за NFT и галериска изложба на 13 млади и возрасни, докажани врвни македонски уметници. Тоа се вкупно 35 учесници и многу публика,  велат организаторите. Галериската групна изложба ќе биде отворена во 20 часот и ќе бидат претставени дела од  Ана Трајковска, Андреј Митевски, Андреј Павлов, Давор Кешќец, Дамјан Ристевски, Дејан Џолев, Душан Стефановски, Жарко Башески, Јовица Мијалковиќ, Мирослав Масин, Сергеј Андреевски, Симон Шемов и Стефан Младеновски. Панел-дискусијата на тема „NFT – механизам за продажба на уметност или медиум?“ е со почеток во 18 часот, а музичката програма е од 13 до 1 часот по полноќ. хс/лв/  

Остани поврзан