• вторник, 05 ноември 2024

Саемот на мебел го посетиле над 15.000 лица

Саемот на мебел го посетиле над 15.000 лица

Скопје, 25 март 2024 (МИА) - Повеќе од 15.000 посетители биле дел од Саемот на мебел што од 20 до 24 март се одржа во во комплексот „Борис Трајковски“, информираа денеска организаторите.

- Бројот на посетители покажува дека македонската јавност поддржува вакви манифестации и сака да ги искористи сите поволности што ги нуди Саемот. Саем на мебел годинава на секој посетител му овозможи поинакво саемско искуство, со голем број изложувачи, со над 70 различни брендови, а освен богата понуда, имаше и одлични попусти. „Комерцијална банка“ АД Скопје и оваа година беше партнер на Саемот и на купувачите им обезбеди брз и едноставен начин на купување, односно на нивниот штанд ја претставија нивната поволна понуда на кредитни производи и картички, а тоа предизвика посебен интерес и задоволство кај посетителите, пишува во соопштението до медиумите.

Организаторите го оценуваат ова саемско издание како успешно, затоа што, како што се вели во соопштението, „15.000 посетители имаа можност да го освежат својот дом со квалитетен и уникатен мебел и ги искористија саемските попусти“. бд/бак/

Фото: Соопштение

Остани поврзан