• понеделник, 23 декември 2024

САД ја прекинаа истрагата за нафта и гас во резерватот на Алјаска

САД ја прекинаа истрагата за нафта и гас во резерватот на Алјаска
Вашингтон, 2 јуни 2021 (МИА) - Владата на американскиот претседател Џо Бајден ги прекина сите активности поврзани со истражување на нафта и гас во најголемото заштитено природно подрачје на Соединетите Американски Држави, Алјаска, каде што живеат поларните мечки.
Суспензијата ќе остане во сила сè додека не се направи сеопфатна анализа според законот за животна средина, соопшти американското Министерство за природни ресурси и управување со земјиштето.
„Откриени се правни недостатоци во доделувањето на правата за дупчење на Националното прибежиште за диви животни на Арктикот на североистокот на државата“, се додава во соопштението на Министерството.
Како што пренесуваат странските агенции, овој потег ја запре контроверзната одлука на поранешниот претседател Доналд Трамп за доделување права за дупчење на 10 години само две недели пред да ја напушти функцијата во јануари.
Администрацијата на Трамп го отвори патот за дупчење во 2017 година со измена на законот и се соочи со значителен отпор од еколошките организации. Природниот резерват зафаќа површина од околу 80.000 метри квадратни. паг/    

Остани поврзан