• понеделник, 23 декември 2024

САД ја предупредија Русија да не и се заканува на Украина

САД ја предупредија Русија да не и се заканува на Украина
Вашингтон, 1 април 2021 (МИА) - САД денеска ја предупредија Русија да не и се „заканува“ на Украина, која соопшти дека Москва концентрира свои армиски сили долж заедничката граница. -Апсолутно сме загрижени за неодамнешната ескалација на тензиите и агресивните и провокативни активности на Русија во источна Украина, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. „Тоа, против кое би се спротивставиле, се агресивните активности насочени кон заплашување или заканување кон нашиот партнер Украина“, рече Прајс. сд/

Остани поврзан