• понеделник, 23 декември 2024

САД ја поздравија одлуката на Советот за безбедност за продолжување на мандатот на ЕУФОР и го поддржаа Шмит

САД ја поздравија одлуката на Советот за безбедност за продолжување на мандатот на ЕУФОР и го поддржаа Шмит

Вашингтон, 4 ноември 2022 (МИА) - САД ја поздравија одлуката на Советот за безбедност на ОН за продолжување на мандатот на ЕУФОР во Босна и Херцеговина за уште една година. 

„Мисијата на ЕУФОР (АЛТЕА) е сè уште клучна за одржување на стабилноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на Стејт департментот. 

Во соопштението тие им честитаат на граѓаните на Босна и Херцеговина за остварувањето на нивните права за време на општите избори на 2 октомври и ги охрабруваат новоизбраните лидери што поскоро да формираат одговорни влади на државно и ентитетско ниво. 

„Граѓаните на БиХ заслужуваат институции кои ќе работат на консолидирање на мултиетничката демократија, зајакнување на демократските институции, сузбивање на корупцијата и обезбедување економски можности за сите луѓе“, се вели во соопштението. 

САД ја истакнаа својата целосна поддршка за високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, неговите овластувања и употребата на „бонските овластувања“ се додека не се спроведе „Агендата 5+2“ (пет цели и два услова) и додека БиХ не биде неповратно на патот кон европската интеграција. паг/

Остани поврзан