• петок, 22 ноември 2024

САД ја поддржуват Северна Македонија за брзо пристапување во ЕУ

САД ја поддржуват Северна Македонија за брзо пристапување во ЕУ

Вашингтон 3 јуни 2022 (МИА) - Државиот секретар Ентони Блинкен се сретна вчера со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, одбележувајќи го стратешкиот дијалог САД-Северна Македонија и зацврстувајќи ги билатералните врски кога европскиот континент е соочен со конфликт, се вели во денешното соопштение од Стејт департментот.

- Среќен сум да бидам домаќин на минисстерот за надворешни работи на Северна Македонија, во чест на првиот стратешки дијалог меѓу САД-Северна Македонија. Се радуваме на зацврстувањето на нашите стратешки врски и го поддржуваме нашиот најнов сојузник во НАТО за унапредување на патот за пристапување во ЕУ заснован на заслуги, напиша денеска Блинкен на Твитер.

Според портпарлот на Стејт департментот Нед Прајс, Блинкен ја истакнал американската поддршка за брзо пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

- Лидерите ја нотираа нивната силна соработка во НАТО и партнерството за подготовка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023, истакна Прајс. 

Тој истакна дека Блинкен му се заблагодарил на Османи за цврстата поддршка на Северна Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина кога таа е изложена на агресија од страна на Русија. кб/нд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан