САД ја критикуваа одлуката за враќање на Сирија во Арапската лига
- САД денеска ја критикуваа одлуката на Арапската лига за повторен прием на Сирија, повеќе од единаесет години откако таа беше протерана поради задушување на народниот бунт кој се претвори во војна.
Вашингтон, 8 мај 2023 (МИА) – САД денеска ја критикуваа одлуката на Арапската лига за повторен прием на Сирија, повеќе од единаесет години откако таа беше протерана поради задушување на народниот бунт кој се претвори во војна.
- Мислиме дека Сирија во овој момент не заслужува повторно да биде членка на Арапската лига, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.
Министрите за надворешни работи на Арапската лига вчера одлучија да ја вратат Сирија во организацијата по повеќе од една деценија суспензија, објави нејзиниот портпарол.
Одлуката беше донесена на затворен состанок на министрите во седиштето на Лигата во Каиро, изјави Гамал Рошди, портпарол на генералниот секретар на организацијата. јт/
Фото: Интернет скриншот