• сабота, 23 ноември 2024

САД ја блокираа седницата на Советот за безбедност на ООН за Израел

САД ја блокираа седницата на Советот за безбедност на ООН за Израел
Њујорк, 13 мај 2021 (МИА) - Седницата на Советот за безбедност на ООН закажана за утре, на која требаше да се разговара за израелско-палестинското насилство нема да се одржи, изјави кинески портпарол. - Утре нема да има седница на СБ, рече тој. Причина за тоа е немањето консензус поради забелешките од САД, пренесува БГНЕС. Кина, Норвешка и Тунис предложија вонреден состанок на Советот за безбедност на ООН во петок во врска со ескалацијата на тензиите меѓу Израелците и Палестинците, но Вашингтон ја блокираше седницата.

Остани поврзан