• петок, 28 јуни 2024

САД со цел уделот на електрични автомобили да биде 40 отсто до 2030 година

САД со цел уделот на електрични автомобили да биде 40 отсто до 2030 година
Вашингтон, 31 јули 2021 (МИА) - Американската влада преговара со производителите на автомобили за да се осигура дека до крајот на 2020 година, најмалку 40 отсто од возилата што се продаваат во земјата ќе имаат електричен мотор. Но, за да се спроведе овој план, Вашингтон ќе мора да одобри инвестиции вредни милијарди долари во создавање инфраструктура за полнење, пишува Блумберг. Многу американски производители на автомобили веќе објавија подготвеност да ја надополнат својата гама со електрични возила. Сепак, се уште никој не изнесе јасни планови за обемот на производство на такви производи, забележува агенцијата. За да го направат ова, на компаниите им е потребна владина поддршка, во рамки на која владата може да субвенционира или финансира создавање широка мрежа на електрични станици. Предлог -законот во моментов се разгледува во Сенатот. Конкретно, предвидува даночни олеснувања за купување електрични автомобили и распределба на 7,5 милијарди долари за изградба на инфраструктура за полнење. Американскиот претседател Џо Бајден во март годинава побара од Конгресот да инвестира 174 милијарди долари во електрични возила, вклучувајќи и изградба на до 500.000 електрични станици на национално ниво. Но, за време на дискусијата за оваа сума, голем број сенатори побараа таа прво да се намали на 15 милијарди долари, а потоа на 2,5 милијарди долари. Затоа, сумата од 7,5 милијарди долари, доколку биде одобрена, ќе изгледа како компромис, посочува Блумберг. ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан