• сабота, 16 ноември 2024

САД се најголем снабдувач на Франција со гас и нафта

САД се најголем снабдувач на Франција со гас и нафта

Париз, 28 септември 2023 (МИА) - САД се најголем снабдувач на гас во Франција во 2022 година, пред Норвешка и Русија, покажуваат денеска објавените официјални француски податоци.

Пред војната во Украина, Франција повеќе од 15 проценти од потребите за природен гас ги увезуваше од Русија.

Со оглед на големото  зголемување на цените и тензиите поврзани со снабдувањето со енергија предизвикани од руската инвазија врз Украина, САД се етаблираа како водечки снабдувач на сурова нафта во Франција во 2022 година, додека во 2018 година беа на деветтото место. 

Русија, како снабдувач на овој енергетски производ, падна од шестото на 10. место, се наведува во документот што годишно го објавува Министерството за енергетска транзиција на Франција. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан