• сабота, 23 ноември 2024

САД нудат по 10 милиони долари за двајца лидери на ФАРК

САД нудат по 10 милиони долари за двајца лидери на ФАРК
Богота, 18 јуни 2020 (МИА) - САД понудиле награда од по 10 милиони долари за информации кои ќе овозможат апсење на двајца поранешни лидери на колумбиската бунтовничка група ФАРК. Саухис Хернандес и Лусијано Марин, познати по своите герилски прекари Хесус Сантрич и Иван Маркес, првично ги поддржале мировните преговори во 2016 година меѓу колумбиската влада и ФАРК, но подоцна го отфрлиле договорот. Двајцата „имаат долгогодишно минато со вмешаност во шверцот со дрога, што доведе до покренување кривични пријави против нив“, соопшти Стејт департментот. гт/

Остани поврзан