• недела, 22 декември 2024

САД не планираат независна истрага за случајот со убиените хуманитарни работници во Газа

САД не планираат независна истрага за случајот со убиените хуманитарни работници во Газа

Вашингтон, 5 април 2024 (МИА) - Портпаролот на Советот за национална безбедност при Белата куќа, Џон Кирби изјави дека САД немаат намера да спроведуваат сопствена истрага за случајот со убиените хуманитарни работници на организацијата „Светска централна кујна“ во Газа.

Кирби изјави за новинарите дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вчерашниот телефонски разговорго го информирал американскиот претседател за општите заклучоци од израелската истрага за инцидентот. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан