• четврток, 19 декември 2024

САД не добиле формално известување од Русија за напуштањето на МВС 

САД не добиле формално известување од Русија за напуштањето на МВС 

Вашингтон, 26 јули 2022 (МИА) - Администрацијата во Вашингтон се уште не добила формално известување од руската Влада за наводното повлекување од Меѓународната вселенска станица, откако раководителот на руската вселенска агенција Роскосмс најави дека нејзините космонаути ќе ја напуштат станицата до 2024 година.

САД се залагаат за оддржување, и долготрајност на МВС и за безбедност на космонаутите, изјави денеска Џон Кирби, претставник на Националниот совет за безбедност во Белата куќа. 

-Ние се залагаме за продолжување на важата работа што се врши во Меѓународната вселенска станица, и за безбедност на космонаутите, изјави тој. 

Раководителот на Роскососмос претходно изјави дека Русија сака да замина од станицата до 2024 година.  

Соработката што САД и Русија ја вршат на МВС е една од малкуте останати сфери во невоената соработка меѓу двета земји, чии односи се паднати до најниско можно ниво по Студената војна, а поради инвазијата на Русија во Украина.  

Робин Гејтенс, директор на вселенската станица од НАСА, изјави дека руските колеги немаат соопштено за ова, а кое треба да биде според меѓувладиниот договор за МВС. 

-Засега немаме ништо официјално. Ние буквално само што го видовме ова. Не добивме ништо официјално, изјави Гејтенс. кб/сд/  

Остани поврзан