САД и Јужна Кореја ја зајакнуваат соработката во одбраната
- САД и Јужна Кореја денеска во Токио со посредство на Јапонија се договорија да ја зајакнат соработката на полето на одбраната во однос на можни провокации од Северна Кореја во форма на нуклеа
Токио, 7 септември 2022 (МИА) – САД и Јужна Кореја денеска во Токио со посредство на Јапонија се договорија да ја зајакнат соработката на полето на одбраната во однос на можни провокации од Северна Кореја во форма на нуклеарни проби.
Северна Кореја ги зајакнува своите нуклеарни и ракетни капацитети и постои можност за дополнителни провокации, вклучително и нуклеарна проба, изјави јапонскиот преговарач Такехиро Фунакоши пред денешната трилатерална средба во Токио.
- Истовремено, остануваме отворени за дијалог и преговори со Пјонгјанг, рече Фунакоши.
Американскиот претставник на средбата Сунг Ким изјави дека ставот на Вашингтон не е променет и оти целта останува целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
Јужнокорејскиот советник за одбрана Ким Гун по средбата изјави дека Пјонгјанг ќе сноси последици доколку изврши нуклеарна проба. јт/