• недела, 22 декември 2024

САД и сојузничките земји ги повикаа Хутите да ги запрат нападите врз бродовите во Црвеното Море

САД и сојузничките земји ги повикаа Хутите да ги запрат нападите врз бродовите во Црвеното Море

Вашингтон, 3 јануари 2024 (МИА) - САД и 11 други сојузнички земји денеска ги повикаа јеменските бунтовници хути „веднаш да ги прекинат своите нелегални напади“ врз бродови во Црвеното Море или „да се соочат со последиците“.

„Нашата порака треба да биде јасна: бараме итен прекин на тие незаконски напади и ослободување на нелегално задржаните бродови и екипажи“, се вели во соопштението на коалицијата од 12 нации објавено од Белата куќа.

Бунтовниците хути, кои се блиски до Иран, „треба да ги сносат последиците доколку продолжат да ги загрозуваат животите, светската економија и слободното движење на трговските бродови во важните водни патишта во регионот“, се додава во текстот.

Покрај САД, изјавата ја потпишаа и Австралија, Бахреин, Канада, Белгија, Германија, Италија, Јапонија, Нов Зеланд, Велика Британија, Данска и Холандија.

Бунтовниците хути, поддржани од Иран и палестински Хамас, ги зголемуваат нападите со беспилотни летала и ракети во близина на брегот на Јемен, тврдејќи дека тоа го прават во знак на солидарност со Газа, која е под напади и опсада од Израел откако палестинскиот Хамас ја нападна израелската територија на 7 октомври. зш/

Остани поврзан