• петок, 22 ноември 2024

САД и Кина планираат нови трговски разговори следната година

САД и Кина планираат нови трговски разговори следната година

Сан Франциско, 18 ноември 2023 (МИА) - Соединетите Американски Држави и Кина се посветени на одржување нови трговски преговори следната година, соопшти американското Министерство за трговија.

Најавата дојде откако американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг се сретнаа пред три дена во Сан Франциско, за време на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (Апек).

Американската министерка за трговија Џина Раимондо вчера се сретна со нејзиниот кинески колега Ванг Вентао.

„За време на состанокот, двајцата го разгледаа напредокот на работната група за трговски прашања и се договорија повторно да се сретнат на почетокот на 2024 година“, се вели во соопштението на Министерството за трговија.

САД и Кина ќе имаат технички разговори на тема заштита на деловната тајна.

Двете најголеми светски економии се во комерцијално и геополитичко ривалство.

САД се обидуваат да ја спречат Кина да пристапи до најсовремените технологии, повикувајќи се на загриженост за националната безбедност. Ваквиот став предизвикува големо противење кај Кина, која смета дека им штети на нејзините „легитимни интереси“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан