• понеделник, 06 мај 2024

САД извршија над 85 напади врз цели во Ирак и во Сирија

САД извршија над 85 напади врз цели во Ирак и во Сирија

Вашингтон, 2 февруари 2024 (МИА) - Американските сили извршија воздушни напади врз иранската револуционерна гарда и милициските групи поврзани со Техеран, погодувајќи повеќе од 85 цели во Ирак и Сирија, соопшти американската војска.

„Силите на Централната команда на САД (CENTCOM) извршија воздушни напади во Ирак и Сирија против силите Кудс на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и поврзаните милициски групи. Американските воени сили погодија повеќе од 85 цели, со бројни авиони, вклучително и бомбардери кои лета од САД. Објектите што беа погодени вклучуваа командни и контролни оперативни центри, разузнавачки центри, ракети, проектили, складиште за беспилотни летала и објекти за логистика и синџир на снабдување со муниција на милициските групи и нивните спонзори на ИРГЦ кои ги олеснуваа нападите против силите на САД и на коалицијата. 

Во изјава за Си-Ен-Ен, висок претставник од американското Министерство за одбрана нагласи дека не се таргетирани цели во Иран. зш/

Остани поврзан