• понеделник, 25 ноември 2024

САД, европските сојузници и Украина едногласни: Изборите во Русија не беа слободни, фер и демократски

САД, европските сојузници и Украина едногласни: Изборите во Русија не беа слободни, фер и демократски

Вашингтон, 17 март 2024 (МИА) - САД, Велика Британија, Германија, Украина и Полска ги оценија како неслободни, нефер и недомокарстки претседателските избори во Русија на кои според првичните рзеултати, Владимир Пути ќе освои уште еден шестгодишен мандат како шеф на државата.

Изборите во Русија не беа ниту слободни, ниту фер - е првата оценка на САД по објавувањето на првичните резултати од руските претседателски избори.

Советникот на Белата куќа за прашањата на Европа и Русија, Ендрју Пик, е испратен на таканаречно административно отсуство, додека не се спроведе безбедносна истрага за него.

Белата куќа соопшти дека изборите во Русија „очигледно не биле слободни, ниту фер со оглед на тоа како Путин ги затворал своите противници и ги спречил другите да се кандидираат против него“. 

Британскиот Форин офис, пак, оцени дека „со незаконското одржување избори на украинска територија, Русија покажува дека не е заинтересирана да се најде начин за мир“.

Велика Британија го намали персоналот во амбасадите во Ирак и во Иран на минимум, по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во американски воздушен напад, јави „Скај њуз“, повикувајќи

- Велика Британија ќе продолжи да дава хуманитарна, економска и воена помош за Украинците кои ја бранат својата демократија, се наведува во соопштението од Форин офисот.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека „псевдоизборите во Русија не се ниту слободни, ниту фер, а резултатот никого нема да изненади. Владеењето на Путин е авторитарно, тој се потпира на цензура, репресија и насилство“.

- „Изборите“ на окупираните територии на Украина се ништовни и друго кршење на меѓународното право, оценува МНР на Германија.

Германското Министерство за надворешни работи го оцени како загрижувачки коментарот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој истакна дека Русија е подготвена да ги заостри односите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање кажа дека во Русија имало „имитација на избори, кои немаат легитимитет“.

- Деновиве рускиот диктатор симулира нови избори. На сите во светот им е јасно дека оваа личност, како што веќе често се случуваше во текот на историјата, едноставно е болна за власт и прави се за да владее вечно, наведе Зеленски.

Според него, во моментот на нападот во трговскиот центар имало повеќе од 1.000 лица.  Тој не даде детали за бројката на загинати и повредени, но рече дека „невозможно е и да се замисли бројот

И полските власти вечерва соопштија дека претседателските избори во Русија „не се легални“.

- Претседателските избори во Русија не се легални, слободни и фер, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи на Полска.

Според официјална Варшава, гласањето било одржано „во контекст на тешка репресија“ и во региони на Украина окупирани од Русите, што е кршење на меѓународното право.са/

Фото: ЕПА/МИА архива

 

 

 

 

Остани поврзан