• среда, 18 декември 2024

САД: Договорот за заложниците во Газа е можен, со „огромни“ придобивки

САД: Договорот за заложниците во Газа е можен, со „огромни“ придобивки

Вашингтон, 12 февруари 2024 (МИА) - САД соопштија дека се уште бараат договор за ослободување на заложниците во Газа, откако со смртоносниот израелски напад во преполниот Рафа беа ослободени двајца заложници и беа обновени предупредувањата за поширока израелска операција.

Според извори на кои се повикуваат американски медиуми, директорот на ЦИА Вилијам Барнс се очекува утре во Каиро на нова рунда разговори за договорот со посредство на Катар, откако Израел минатата недела го отфрли првичниот одговор од Хамас.

-Имаше голем број навистина неодржливи ставки во предлогот што се врати од Хамас, но ние веруваме дека е можен договор и ќе продолжиме. Сметаме дека придобивките од паузата и договорот за заложниците се огромни, не само очигледно за заложниците кои би биле ослободени, туку и за хуманитарните напори во Газа и за нашата способност да започнеме да бараме вистинско и трајно, одржливо решавање на тој конфликт, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Предлогот, првпат изнесен на разговорите во Париз привремено ќе ги прекине борбите во замена Хамас да ги ослободи заложниците.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по разговорите минатата недела со државниот секретар Ентони Блинкен, го отфрли контрапредлогот на Хамас и вети дека ќе им зададе „фатален удар“ на милитантите, кои извршија масовен напад на 7 октомври во Израел.

Израел прифати двајца заложници по бомбашкиот напад во текот на ноќта во Рафа во кој загинаа околу 100 луѓе, вклучително и заложници.

Нападите уследија неколку часа откако Нетанјаху телефонски разговараше со претседателот Џо Бајден, кој рече дека САД се противат на нападот врз Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци се засолниле од почетокот на четиримесечната војна, без план за безбедноста на цивилите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан