• недела, 22 декември 2024

САД воведе санкции за поранешниот претседател и актуелен потпретседател на Уругвај, Веласкез

САД воведе санкции за поранешниот претседател и актуелен потпретседател на Уругвај, Веласкез

Вашингтон, 27 јануари 2023 (МИА) – Американското Министерство за финансии денеска воведе санкции против поранешниот парагвајски претседател Хорасио Картес и актуелниот потпретседател Уго Веласкез за „широка распространета корупција што ги поткопува демократските институции.

Санкции се наведени за четири ентитети во сопственост или управувани од Картес, кој е обвинет за коруптивни активности пред, за време и по неговиот мандат како претседател. Санкциите значат дека целиот имот на Картес и Веласкез во САД е запленет и замрзнат.

Картес е лидер на владејачката партија Колорадо и е клучен поддржувач на кандидатот на овогодишните претседателски избори.

Според американското Министерство за финансии Картес се приклучил на партијата Колорадо во 2009 година, обезбедувајќи финансиска помош и други стимулации за да ја натера партијата да изврши промена во законодавството што ќе му овозможи да биде кандидат претседател.

Тој, исто така, платил до 10.000 долари на членовите на партијата за да ја поддржат неговата кандидатура пред изборите во 2013 година. ми/

Остани поврзан