• петок, 22 ноември 2024

Садик Кан: Политичкиот јазик поттикнува десничарско насилство во Велика Британија

Садик Кан: Политичкиот јазик поттикнува десничарско насилство во Велика Британија

Лондон, 15 август 2024 (МИА) - Јазикот што го користат политичарите во Велика Британија го поттикна неодамнешното десничарско насилство што се прошири низ земјата, изјави градоначалникот на Лондон, Садик Кан, за Анадолија.

- Стравувам кога мејнстрим политичарите користат зборови како 'инвазија' во контекст на мигрантите, или изрази како 'ова е исламска држава' или 'Лондон го управуваат исламисти', што беше изјавено од висок конзервативен политичар, бидејќи тоа доведува до дехуманизација на муслиманите, азилантите и мигрантите. Тие не мислат дека сме луѓе, туку дека сме подлуѓе“, изјави Кан во интервју за Анадолија.

Кан, кој е роден во британско-пакистанско семејство, додаде: Затоа мислам дека политичарите имаат должност внимателно да го користат јазикот, бидејќи последицата е стравот кај муслиманите.“

Тој зборуваше и за мерките што се преземаат против десницата во градот, како и за чекорите што можат да се преземат за спречување на омраза и насилство на социјалните мрежи и влијанието на јазикот што го користат политичарите на екстремната десница.

По убиството на три деца со нож во Саутпорт, Англија, извршителот лажно беше опишан како муслимански азилант, а според Кан, десничарските екстремисти ги насочиле своите напади кон муслиманите и луѓето кои не се белци.

Кан истакна дека поради лажни онлајн тврдења за нападот, луѓето „нападнале џамија и се обиделе да нападнат други џамии. Знаеме дека луѓе во автомобили биле запирани за да се провери дали се муслимани. Знаеме дека бил запален хостел каде што престојуваат азиланти.“

Кан рече дека по средбата со лидерите на муслиманските заедници по насилствата, многу родители се плашат за безбедноста на своите деца кои се вратиле на училиште.

- Моја работа како градоначалник, во соработка со полицијата, со владата и со жителите на Лондон, е да осигурам дека тие, особено муслиманите, се безбедни и се чувствуваат безбедно. Овие луѓе се британски државјани, не прекршиле никаков закон, не направиле ништо лошо и се чувствуваат исплашено. А тоа не е во ред,  рече Кан и додаде: Знам дека сум на мета затоа што сум муслиман. Затоа имам полициска заштита.

Тој го коментираше и неселективниот карактер на нападите, велејќи: Овие расисти, овие екстремисти, не прават разлика меѓу 'овој муслиман' и 'оној муслиман'. Сите ние сме цел.

Тој истакна дека злосторствата од омраза, како расизмот, исламофобијата и антисемитизмот, се засилени од средината создадена на социјалните медиуми, која често изгледа како „околина без правила“.

„За жал, оваа омраза, дезинформации се засилуваат на социјалните медиуми и се шират пред да има шанса да бидат демантирани. За жал, социјалните медиуми оставаат впечаток како околина без правила. За нив не важат правилата, а треба да важат кога станува збор за дезинформации и предизвикување на омраза, рече Кан и додаде дека ваквото поттикнување е кривично дело. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан