• сабота, 21 декември 2024

Савевски: Одигравме лош натпревар против Холандија

Савевски: Одигравме лош натпревар против Холандија
Скопје, 7 ноември 2022 (МИА) – Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација Љубомир Савевски оцени по вечерашниот пораз од Холандија (30-15) во рамки на 2. коло од групата Ц на Европското првенство дека неговите ракометарки одиграле лош натпревар со голем број грешки. - Честитки за противникот, кој ја заслужи победата. Ние игравме лошо и направивме многу грешки. Можеби на моменти игравме добра одбрана, но не можевме да најдеме решенија во нападот. Дел од ракометарките немаа концентрација и беа брзоплети, изјави Савевски по натпреварот. Македонските ракометарки в среда ги очекува дуелот против Романија, кои за двете репрезентации ќе биде клучен да го продолжат настапот на Европското првенство. - Вечерва многу ракометарки не одиграа како што знаат. Франција и Холандија се меѓу Топ четири фаворити за медал, а и Романија е, исто така, многу моќна. Меѓутоа, верувам дека ќе се смени нешто во главите на моите ракометарки. Ако успееме да ги надминеме грешките, можеме да се надеваме на победа, рече Савевски. ег/сх/

Остани поврзан