• петок, 05 декември 2025

Европратеници: Забраната за увоз на руски енергенси нема да предизвика недостиг на енергија во Европа 

Европратеници: Забраната за увоз на руски енергенси нема да предизвика недостиг на енергија во Европа 

Брисел, 25 октомври 2025 (МИА) - Советот на ЕУ во понеделникот постигна договор за преговарачката позиција на земјите членки за Предлог-регулативата за прекин на увозот на руски енергенси, откако во четири дена претходно документот со огромно мнозинство беше одобрен и од комитетите за индустрија, истражување и енергетика и за меѓународна трговија на Европскиот парламент.   

Целта на Регулативата е да се стави крај на зависноста на Унијата од руските енергенси и да се спречи во иднина Русија да ги користи гасот и нафтата како средство за притисок. Со предложената регулатива се предвидува од 1 јануари 2026 година да почне постепената забрана за увоз на руски енергенси, по што од 1 јануари 2028 година би уследила целосна забрана за увозот на природен гас и течен природен гас (ЛНГ) од Русија. Во овој меѓу период би продолжил увозот договорен пред 17 јуни 2025 година и тоа до 17 јуни 2026 година за краткорочните договори и до 1 јануари 2028 година за долгорочните.  

Според словачката европратеничка Љубица Карвашова со оваа Регулатива само се потврдува дека во иднината на Европската Унија повеќе нема место за руските енергенси. 

- Таа е специфично фокусирана на рускиот гас, при што гледаме дека сме најблиску до целосна независност од него. Тоа е важно и од причина што Русија повеќе не се смета за сигурен снабдувач или сигурен партнер, па Европа ако навистина сака да постигне енергетска безбедност за сите свои домаќинства и компании, треба да се осигура дека има добавувачи и опции за снабдување со гас без никакви ограничувања, изјави Карвашова за Европската новинска агенција (ЕНР) од која дел е и МИА. 

Карвашова, кој е известувач во сенка на Европскиот парламент за Регулативата, вели дека граѓаните не треба да се грижат за можен недостиг на енергија поради забраната, нагласувајќи дека и во минатото имало енергетски кризи, но европските земји заеднички се справувале со нив. 

И членот на комитетите за животна средина и за индустрија и енергетика на Европскиот парламент, германскиот европратеник Михаел Блос смета дека нема потреба за загриженост, бидејќи оние земји кои сега се потпираат на увозот на енергенси од Русија, ќе се снабдуваат со енергија од други извори.  

- Најважно од се е што ние повеќе не сакаме да се потпираме на увозот на странски фосилни горива. Сакаме да се потпираме на енергијата што се произведува во Европа од сонцето, од ветерот и од обновливи енергетски извори, вели Блос за ЕНР. 

Тој изрази жалење што за разлика од комитетите на ЕП кои поддржаа целосно постепено прекинување на увозот на руски енергенси, земјите членки се ограничија само на забрана на гасот.  

- Премногу е доцна, но барем сме тука. Барем ова законодавство ќе стапи во сила од 1 јануари 2026 година. И ако се оди според барањето на Европскиот парламент, од 1 јануари 2027 година нема да биде дозволен увоз на фосилни горива од Русија, потенцира Блос. 

Ослободување од енергетската зависност од Русија 

Карвашова, која доаѓа од редовите на либералната група Да ја обновиме Европа (РЕ), нагласува дека тврдењата што се користат како главен аргумент против предлогот за забрана за увоз на енергенси од Русија дека рускиот гас е евтин, се неточни.  

- Не е евтин. Знаеме дека цената на гасот ја одредува пазарот. Значи, единственото нешто што навистина треба да го направиме е да соработуваме со нашите партнер за да бидеме подготвени да се диверзифицираме и да ги искористиме сите достапни опции што веќе ги имаме во моментов, вели Карвашова. 

Во врска со противењето на Словачка и Унгарија на забраната, словачката европратеничка вели дека тоа се должи на нивна „политичка волја“ и нема технички причини тие да се сметаат за изолирани, како што тврдат, бидејќи имаат гасни конекции во сите правци. 

- На пример, Словачка е поврзана со својот северен сосед Полска, со Чешка, со Австрија, но исто така и со Унгарија и со Украина. Значи, ние сме навистина подготвени да се диверзифицираме во сите правци. Единственото нешто што недостасува е волјата на Владата да не биде заглавена во минатото и нејзината неподготвеност, од нејасни причини, за прекин на зависноста од рускиот гас, вели Карвашаова. 

Според неа, додека 25 членки на ЕУ се движат во поинаква насока кон енергетски побезбедна Европската Унија за сите, Словачка и Унгарија одржуваат многу блиски врски, вклучувајќи и деловни, со Москва и остануваат зависни од руските фосилни горива.  

Јапонија ќе ги разгледа сите опции за помош на меѓународната заедница во случај на потреба поради украинската криза, што може да го прекине снабдувањето со гас, изјави денеска министерот за и

- Овие две влади одлучија да бидат уценувани од рускиот претседател. Како што знаеме, руските фосилни горива се користат во голема мера како оружје. Тоа е дел од хибридната војна. Имаме докази за тоа. Значи, од нејасни причини мојата родна земја Словачка влече кон Исток, наместо кон Запад. Држењето до партнери на кои не можеме да им веруваме, мислам дека е најголемата грешка во историјата и иднината ќе го потврди тоа, смета Карвашова. 

Дополнителен поттик за остварување на климатските цели на ЕУ 

Блос, кој доаѓа од редовите на Зелените, оценува дека отсуството на руски фосилни горива од Европа во иднина, би имало позитивно влијание за остварување на климатските целите на ЕУ. 

- Постепено се откажуваме од јагленот и ќе се откажуваме од гасот. Но, секако, треба да видиме слични работи и во транспортниот сектор. Електричните автомобили се веќе достапни на светскиот пазар. Тие се добри, но Европејците не се толку добри во нивното производство. Значи, нешто треба да се промени тука. Но, секако, тука се и големите проблеми се домувањето, преминувањето од системи за греење на гас кон системи за греење на електрична енергија, воспоставување на системи за централно греење и, секако, прашањето за емисиите во земјоделството. Значи, треба да се направат многу работи, а 2040 година ќе дојде за само 15 години, додава Блос. 

Тој потенцира дека според Европскиот советодавен одбор за климата, целта на ЕУ за намалување на емисиите на јаглерод диоксид до 2040-тата за 90 отсто споредно со нивото во 1990 година, е минималното ниво што треба да се постигне. 

Србија е прва во Европа по штетните ефекти oд загадувањето, најмногу од загадениот воздух, и деветта во светот како резултат на деталното истражување на Глобалната алијанса за здравје и загад

- Тие велат најмалку 90, односно помеѓу 90 и 95 проценти. Значи, 90 проценти е минимумот што треба да се постигне за климата, смета Блос.  

Според него, остварувањето на оваа цел има клучно значење за Европа која се затоплува со најбрзо темпо во светот, па затоа мора да преземе нешто за справување со климатската криза. 

- И тоа е изводливо. Тоа ни го кажува Европската комисија во нивите проценки, тоа ни го кажуваат научниците. Значи, тоа е изводливо. Потребна ни е политичката волја, која се уште ја нема. Треба да имаме повеќе политичка храброст за да кажеме дека овој континент треба да има инвестиции насочени кон иднината, треба да се електрифицира, треба не само да се потпира на стари работи, туку и на иновации. Овој вид визија е она што ни недостасува, заклучува Бос. 

Тој ја обвинува десницата во Европскиот парламент дека се обидува да го поткопа остварувањето на климатските цели преку противењето на забраната за продажба на автомобили со моторите со внатрешно согорување од 2035 година и на системот за такси за јаглерод диоксид.  

- Сето ова создава многу неизвесност. Неизвесноста е токсична за инвестициската клима, за сигурното планирање и за големите индустрии. Значи, она што навистина треба да се случи е јасен пат напред. Тој пат е опишан во Зелениот договор, во Договорот за чиста индустрија и треба да го следиме овој пат, бидејќи ако само создаваме хаос, само ќе заостануваме. сп/ 

Фото: МИА Архива/Европски парламент/Икс 

Остани поврзан