• петок, 22 ноември 2024

Саакашвили со порака до конгресот на ЕПП: Путин ме сака мртов како Навални

Саакашвили со порака до конгресот на ЕПП: Путин ме сака мртов како Навални

Тбилиси, 6 март 2024 (МИА) - Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили испрати порака прочитана на конгресот на Европската народна партија во Букурешт, во која наведува дека рускиот претседател Владимир Путин сака да биде мртов бидејќи ја водел Грузија во Европската унија.

„Владимир Путин ме сака мртов како Алексеј Навални, со кого ме споредуваше во неколку наврати. Ме смета за личен непријател затоа што ги водев Грузија и Украина во ЕУ“, истакна Михаил Саакашвили во своето обраќање прочитано пред делегатите на конгресот на ЕПП. 

Поранешниот грузиски претседател беше поканет да присуствува на настанот во романската престолнина, но тој е на отслужување на шестгодишна затворска казна.

„Ви се обраќам од грузиски затвор за да се заблагодарам на ЕПП за заштита на вредностите што ја прават Европа толку посебна. Мојата земја се обидува да се врати на своите европски корени. Оваа година ќе биде одлучувачка за судбината на Европа. Или ќе видиме нова железна завеса во Европа или ќе ја задржиме Европа цела, слободна и мирна. Тоа би било можно само доколку Украина, под водство на новиот, модерен Черчил - Володимир Зеленски, победи во оваа војна. Нема време за двоумење“, се наведува во документот што им беше прочитан на делегатите на ЕПП во Букурешт. сд/

фото:ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан