• понеделник, 23 декември 2024

Сè што се пишува во Ватс-ап групите е достапно на Гугл-пребарувачите

Сè што се пишува во Ватс-ап групите е достапно на Гугл-пребарувачите
Лос Анџелес, 25 февруари 2020 (МИА) - Групните Ватс-ап разговори може да се најдат и на пребарувачите, што може да биде проблем, оти корисниците обично и не знаат дека преписката е јавно достапна. Штом некој ќе влезе во разговорот, посебно ако дошол до линкот преку пребарувач, а не е „поканет", може да ги види сите пораки во групата и сите броеви кои учествуваат во неа. И ако некој во Ватс-ап групата сака да додаде некого, само треба да му го испрати линкот од групата. Тој линк може да се објави и на која било јавна интернет-страница. Во тој случај, Гугл го додава во својот индекс на пребарување. Така, секој ќе има пристап до тој групен разговор. Од Ватс-ап велат дека оваа функција работи токму како што треба и оти не се работи за грешка. Ги советуваат корисниците да внимаваат каде ги споделуваат линковите кон групните разговори. си/сд/

Остани поврзан