• понеделник, 23 декември 2024

Сè уште активен пожарот на планината Серта над штипско Драгоево

Сè уште активен пожарот на планината Серта над штипско Драгоево
Штип, 9 август 2021 (МИА) - На планината Серта, над штипското село Драгоево, сè уште е активен пожарот, кој од страна на локалните жители е забележан околу 12 часот. Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов, кој во моментов е на терен заедно со пожарникарите и вработените од ЈП „Национални шуми“, вели дека теренот е непристапен и не може да се пристигне до врвот на ридот, каде што гори и тлее смрека, ниско стеблести растенија и сува трева. Огнените јазици се далеку од околните села и објекти во тој дел на планината. - Го гледаме чадот, гори на пет места на високиот рид. Нашите пожарникари забележаа траги од мотор, којшто можел да се движи низ непристапниот терен за нашите возила. Очигледно е дека некој намерно го има запалено овој рид на планината Серта, вели Атанасов. Пожарникарите ги фотографирале трагите од моторот и ги испратија до МИА, со апел да се почитува забраната за движење низ шумиските предели и планините. Забележуваат дека постојано се на терен и се исцрпени од постојано гаснење пожари и на сопствената територија, но и во малешевско-пијанечкиот регион. вдј/сп/

Тагови

Остани поврзан