• сабота, 23 ноември 2024

РЦУК Кичево изврши проверка на станиците во повеќе села во кичевско

РЦУК Кичево изврши проверка на станиците во повеќе села во кичевско

Кичево, 19 март 2021 (МИА) - Подрачното одделение на Републичкиот центар за управување со кризи Кичево, изврши редовна проверка на исправноста на радиостаниците кои се дел од УКБ ПМП и служат за известување при невреме, болест, високи снежни врнежи и друго, во селата од општината.

Обиколката ја извршија раководителот на РЦУК Кичево, Сузана Тасеска, самостојниот референт за оперативно - техничка служба во ЦУК-от, и помошник командирот од ОВР - Кичево.

- На самото место се утврди дека радиостаниците се во добра состојба и целосно се во функција на својата намена. Посетата беше искористена и за разговор со одговорните лица во селата Белица, Прострање, Мало Црско и Крушица, за проблемите со кои се среќаваат жителите на овие села, за нивно нормално функционирање, истакна раководителката на ПО Кичево, Сузана Тасеска.

Подрачното одделение секоја година врши редовна проверка на исправноста на радиостаниците во селата во Општина Кичево. за/ар/

Остани поврзан