• петок, 05 декември 2025

РФМ објави конкурс за избор на официјална маскота

РФМ објави конкурс за избор на официјална маскота

 

Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) – Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави денеска конкурс за избор на официјална маскота која ќе биде заштитен знак на македонскиот ракомет на домашната и меѓународната сцена.

Конкурсот ќе биде отворен до 15 декември и на истиот можат се пријават сите заинтересирани.

Идејното решение на маскотата, како што е соопштено, треба да го „претставува нашиот ракометен дух, тимска енергија и национален идентитет на сите домашни и меѓународни настани“.

„Авторот на избраната маскота ќе добие потпишан дрес од нашите ракометари и ракометарки, опрема од Ракометната федерација, како и по десет билети за секој нареден натпревар до крај на сезоната за националните натпревари во Македонија“, се наведува во објавата на РФМ. ег

ФОТО: РФМ/Фејсбук

Остани поврзан