• четврток, 19 март 2026

РФМ: Завршниот турнир во ракометниот Куп ќе се игра во Струмица

РФМ: Завршниот турнир во ракометниот Куп ќе се игра во Струмица

 

Скопје, 18 март 2026 (МИА) – Завршниот турнир во битката за трофејот во Купот ќе се игра во Струмица, одлучи на денешната седница Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Пласман на фајнлфорот обезбедија бранителот на трофејот Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид.

Како што соопшти РФМ, терминот ќе биде од 17 до 19 април.

Воедно, Струмица ќе биде домаќин и на завршниот турнир во Купот на Македонија во женска конкуренција.ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан