• понеделник, 23 декември 2024

РФМ ги исклучи Начевски и Хајредин

РФМ ги исклучи Начевски и Хајредин
Скопје, 9 мај 2021 (МИА) - Врз основа на Дисциплинскиот правилник на РФМ, Првостепената дисциплинска комисија на Ракометната Федерација на Македонија на ден 7 мај 2021 година, на Марјан Начевски, делегат/контролор во РФМ изречена му е дисциплинска санкција:  исклучување од Ракометната федерација на Македонија врз основ на доставена пријава од член на УО на РФМ и поранешна репрезентативка Мирјета Бајрамоска, објавено е на веб-страницата на федерацијата. - Како причина за поднесената пријава наведени се вербални навреди упатени кон подносителот на пријавата, од страна на пријавениот, изнесени на агресивен начин и со висок тон, вклучително погрдни и недолични навреди кон федерацијата, националните селекции, играчите, и други личности прозвани во отсуство, за време на меѓународен репрезентативен настап, на кој пријавениот присуствувал без соодветна акредитација. При давањето исказ пред Дисциплинската комисија на РФМ, пријавениот продолжил со истата недолична реторика обраќајќи се кон претседателот на комисијата агресивно, со висок тон, навредливи и недолично употребувајќи вокабулар од типот: „ќе те колам“, стои во известувањето на РФМ. Покрај Марјан Начевски, РФМ од своите редови го исклучи и Агрон Хајредин, овластено лице на РК Работнички , поради дисциплински престап пријавен од страна на комесарот за натпревари при РФМ, Славе Николов. Од РФМ порачуваат дека угледот на федерацијата, како во државата така и во странство, во сите меѓународни ракометни институции и чинители во ракометниот спорт воопшто, е обврска на сите членови на Ракометната Федерација на Македонија. зс/

Остани поврзан