• среда, 04 февруари 2026

Руте ќе учествува на седница на комитетите за надворешни работи и за одбрана на ЕП

Руте ќе учествува на седница на комитетите за надворешни работи и за одбрана на ЕП

Брисел, 26 јануари 2026 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска во Брисел ќе учествува на заедничка седница на комитетите за надворешни работи (АФЕТ) и за безбедност и одбрана (СЕДЕ) на Европскиот парламент.

Како што најави прес-службата на Европскиот парламент, предвидено е на седницата да стане збор за најновите случувања во трансатлантската безбедност и одбрана.

Предвидено е Руте да се обрати пред европратениците по што ќе дебатира со нив. сп/сд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан