• понеделник, 23 декември 2024

Рустемовски остана без финале на Балканското боксерско првенство

Рустемовски остана без финале на Балканското боксерско првенство

Албена, 28 септември 2023 (МИА) – Македонскиот боксер Ален Рустемовски со бронзен медал го заврши настапот на Балканското првенство во Албена, откако во денешното финале во категоријата до 57 килограми загуби од Украинецот Аидер Абдураимов.

Рустемовски остана без пласман во финалето откако судиите со одлука 3-2 му ја доделија победата на противникот од Украина, која доби дозвола од Европската боксерска конфедерација за настап на Балканијадата во Бугарија.

По победата во воведното коло над Молдавецот Валериу Размерита во категоријата до 80 килограми, македонскиот боксер Арјан Исени в сабота го очекува полуфиналната борба против домашниот боксер Веселин Николов.

В сабота во рингот ќе се појават уште двајца македонски боксери.

Дион Лена во категоријата до 63.5 килограми во полуфиналето ќе боксува против Бугаринот Красимир Џуров, додека Илхен Озмен за противник во полуфиналето во категоријата до 67 килограми ќе го има Владислав Гуџи од Молдавија. ег/цр

Фото: Фејсбук

Остани поврзан