• петок, 22 ноември 2024

Руско МО: Два брода на руската Црноморска флота одбија напад на украински дронови во областа Севастопол

Руско МО: Два брода на руската Црноморска флота одбија напад на украински дронови во областа Севастопол

Москва, 1 август 2023 (МИА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека два патролни брода на Црноморската флота одбиле напад на три украински беспилотни чамци во близина на Севастопол.

„Вооружените сили на Украина вечерва извршија неуспешен обид за напад со три морски чамци без екипаж врз патролните бродови на Црноморската флота 'Сергеј Котов' и 'Василиј Биков' кои извршуваа задачи за контрола на пловидбата во југозападниот дел на Црното Море, на 340 километри југозападно од Севастопол“, соопшти синоќа Министерството.

Во соопштението се додава дека тие биле уништени со гранатирање од руските бродови. паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан