Руско МНР: Синоќешните напади со украински беспилотни летала нема да останат неказнети
- Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека бранот напади со украински беспилотни летала на руска територија во текот на минатата ноќ „нема да помине неказнето“.
Москва, 30 август 2023 (МИА) - Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека бранот напади со украински беспилотни летала на руска територија во текот на минатата ноќ „нема да помине неказнето“.
Портпаролката Марија Захарова на прес-конференција изјави дека беспилотните летала, од кои некои ја погодиле воздушната база Псков, на 600 километри од Украина, не можеле да поминат толкаво растојание без информации од западните земји. паг/
Фото: МИА архива