• петок, 22 ноември 2024

Руско МНР: Најмалку 31 цивил е убиен во украинската офанзива врз рускиот Курски регион

Руско МНР: Најмалку 31 цивил е убиен во украинската офанзива врз рускиот Курски регион

Москва, 23 септември 2024 (МИА) - Во украинската офанзива врз рускиот Курски регион до 5 септември загинаа најмалку триесет и еден цивил, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи, цитирано од британските медиуми.

Министерството додава дека до наведениот датум во операцијата на украинските сили се повредени 256 лица.

Украина на 6 август ја изведе најголемата офанзива извршена на руска територија од Втората светска војна, наведуваат британските медиуми. Украинските копнени единици ја преминаа границата во западната руска област Курск, придружени со беспилотни летала и артилериски оган, вклучително и вооружени системи од западно производство, забележуваат британските медиуми.

Според информациите од Москва, од 6 август до сега од Курскиот регион се иселиле околу 131.000 цивили.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан