Руско Министерство за одбрана: Руските вооружени сили го ослободија селото Гујево во областа Курск
- Руските вооружени сили го ослободија селото Гујево во областа Курск, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Москва, 8 април 2025 (МИА) - Руските вооружени сили го ослободија селото Гујево во областа Курск, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Се наведува и дека руската армија поразила формации на вооружените сили на Украина во областите на населбите Горнал и Олешња.
Министерството за одбрана соопшти дека украинските сили изгубиле повеќе од 290 војници за еден ден.
„Уништени се и тенк, три оклопни транспортери, четири оклопни борбени возила, седум автомобили, два минофрлачи и четири контролни пунктови за беспилотни летала“, се додава во соопштението.
Руското Министерство за одбрана објави дека за време на воените операции на Курск, вооружените сили на Украина изгубиле повеќе од 72.760 војници.
Руските војници во понеделникот ја презедоа контролата врз населбата Катериновка во самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР). паг/
Фото: МИА архива